strumica denes logo

НИКОЛА ТРЕНЧОВСКИ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА ПШС „БЕЛАСИЦА“ – СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јануари 22, 2026

Автор:

Датум:

јануари 22, 2026

Никола Тренчовски е назначен за нов директор на Подружницата за шумарство „Беласица“ – Струмица. Тој по професија е дипломиран економист и во ПШС „Беласица“ е вработен од 21 јануари 2015 година, каде што досега има работено на повеќе различни работни позиции.

Со преземањето на раководната функција, Тренчовски најавува дека приоритет ќе му биде зајакнување на активностите за спречување и сузбивање на нелегалните шумски активности, како и реализирање на мерки за пошумување и унапредување на заштитата на шумските ресурси.

Во својата агенда, новиот директор го нагласува и навременото обезбедување на дрва за потребите на граѓаните, со цел подобра организација и поефикасна испорака во претстојниот период. Од ПШС „Беласица“ – Струмица се очекува овие насоки да придонесат кон поголема контрола на терен, одржливо управување со шумите и подобрена услуга кон корисниците.

  • Banner