Никоб групацијата со најголема доверба за безбедноста на концертите и спортските натпревари!

октомври 8, 2022

Никоб обезбедување и Никоб медикал уживаат најголема доверба кај најзпознатите странски и домашни имиња и групи кога станува збор за физичко, патролно и медицинско обезбедување на реномирани, концерти, настани и спортски натпреварувања.

Безбедноста на естрадните уметници, присутните гости и публиката се многу важен сегмент на секој концерт, настан или спортски натпревар и затоа се прават посебни планови и анализи и се ангажираат човечки и материјални ресурси во зависност од проценката, потребата и барањето на организаторите.

Во следна фаза се подготвува стратешки и оперативен план во Никоб групацијата, а Никоб обезбедување ги поседува најзначајните ресурси кога станува збор за физичкото и патролното обезбедување за настани од обемен карактер, со врвни професионалци за обезбедување на личности, бината односно трибината, понатаму безбедноста на публиката е императив при безбеден влез и излез на конкретниот настан со преземање на сите безбедносни протоколи и процедури во делот на претрес при влез, проценка, стратешко планирање и позиционирање итн, а во втор безбедносен прстен е патролното обезбедување.

Она што исто така е многу важна процедура е и медицинското обезбедување на големите настани, а токму тоа го нуди и Никоб групацијата. Никоб медикал ги поседува најмодерните ресурси за медицинско обезбедување на настани од обемен тип, бидејќи ги поседува најмодерните медицински амбулантни и друг вид на возила, како и стручен и обучен медицински тим од доктор, сестра и возач и многу често се интервенира на настани кога некој од присутните гости или натпреварувачи се здобиваат со разни повреди.

Практично целиот пакет што го нуди Никоб групацијата го затвора системот за безбедност за големите собири и тоа од физичко и патролно до медицинско обезбедување и способни се да ангажираат голем број на луѓе во делот на физичкото обезбедување, голем број на патролни или медицински возила, а клинетите од странство и дома најчесто го препознаваат тоа токму кај компанијата Никоб.

Летната сезона од април месец па се до септември оваа година Никоб групацијата обезбедуваше десетици значајни концерти, музички и спортски настани кои организаторите ги бараат по сите меѓународни стандарди за безбедност.

Ова се дел од настаните оваа сезона на кои Никоб групацијата професионално ја заврши својата работа за светските Deep Purple, Dj Tiesto, Senidah & Sara Jo и Tyga, домашните Каролина Гочева, Ohrid Calling и Дајте Музика, понатаму Светското првенство во ракомет за млади, Европското првенство во одбојка за млади, маратони и триатлони, Струмица на улица, Вози право, вози здраво и други бројни меѓународни и домашни спортски настани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ