НЕВРАБОТЕНИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ПОВЕЌЕ ОД ВРАБОТЕНИТЕ: Работат на црно додека земаат граѓански додаток

октомври 9, 2023

Вработен во транспортна компанија во Германија дал отказ затоа што смета дека не вреди да работи додека зема граѓански приход (Бургергелд).

Како што откри за медиумите шефот на компанијата Хорст Котмајер, неговиот сега веќе поранешен вработен смета дека за него е поисплатливо да го добие Бургергелд и да работи „на црно“.

Котмајер смета дека оваа практика би можела да зачести.

Работникот е во средината на 30-тите години и рече дека би можел да заработи повеќе ако работи на црно и живее од државна помош, или Бургергелд, рече Котмајер во интервју за Билд.

Поранешниот вработен бил девет месеци во фирмата и заработувал по 14 евра од час како магационер. Според Котмајер, тоа е почетната плата на компанијата.

На корисниците на Бургергелд им се исплаќаат по 502 евра месечно, а покрај тоа им се плаќа и кирија и парно.

Котмајер, кој е трета генерација на чело на компанијата и моментално вработува 350 луѓе, стравува дека на неговиот поранешен вработен може да му се придружат и други колеги.

„Сè уште нема индикации дека работниците би можеле да го прават истото како мојот поранешен работник, но опасноста од тоа е тука. Луѓето мислат дека не вреди да се работи, ако оние што добиваат помош при нелегална работа имаат поголеми приходи од оние што се вработени, “, рече тој, е Хорст Котмајер.

Следната година стапката на приходи на граѓаните (Бургергелд) ќе се зголеми на 563 евра месечно.

Многумина стравуваат дека Германија ќе стане општество каде што некои „одмараат, а други го плаќаат со работа“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ