strumica denes logo

НЕМА ПОПУШТАЊЕ: Мицкоски против бугарскиот пратеник кој го негира македонскиот идентитет – Ова е политика на живковизам!

Автор:

Датум:

јуни 3, 2025

Автор:

Датум:

јуни 3, 2025

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше на најавата дека бугарски европратеник од владејачката партија ГЕРБ ќе поднесе амандман во Европскиот парламент со кој македонскиот идентитет би се дефинирал како „сегашен“, за разлика од формулацијата во извештајот на европратеникот Томас Вајц, кој го признава како „многувековен“.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Жалам што од нашиот источен сосед повторно гледаме реторика која го враќа духот на живковизмот. Наместо добрососедство, гледаме обиди за негирање и асимилација,“ изјави Мицкоски.

Тој посочи дека Македонија нема да одговори со иста острина, туку ќе остане на европскиот курс и ќе продолжи да ги негува добрососедските односи. Но, истовремено изрази длабока загриженост од, како што рече, политиките што директно удираат по македонскиот идентитет и јазик.

„Обидот да се наметне терминот ‘present’ за македонскиот идентитет јасно покажува дека суштината е асимилација, а не почитување на европските вредности. Истото го гледавме и во бугарските пописи – од 200 илјади Македонци во 1956-та, до само 9 илјади во 1965-та,“ потенцираше премиерот.