strumica denes logo

Нема да има никаков ценовен шок на струјата – ветува првиот регулатор Бислимовски!

Автор:

Датум:

декември 24, 2023

Автор:

Датум:

декември 24, 2023

За електричната енергија, нема да има и нема да дозволиме никаков ценовен шок, потенцира во разговор за МИА, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски и посочува дека следната седмица се очекува да ја информираат јавноста околу цената на струјата од 1 јануари 2024 година.

Бислимовски во дел од интервјуто истакнува дека она што најмногу ги засега граѓаните се цените на електричната енергија за следната година.

„Цените на струјата секогаш сe актуелни, во изминатиот период повторно бевме соочени со разноразни црни сценарија, колку ќе значи поскапувањето, што ќе значи. Ние ги привршуваме цените во однос на делот за мрежарините, за пренос и за дистрибуција на електрична енергија. Понатака откако ќе ги усвоиме, универзалниот снабдувач треба да ги достави. Очекуваме во текот на следната недела да ја информираме јавноста. Секогаш имаме креативни решенија, нема да има никаков ценовен шок, сè ќе биде во рамките на тоа што може да се очекува“, вели Бислимоски.

Тој објаснува дека треба да се земат предвид зголемувањето на набавната цена на ЕВН хоум, трошоците за загуби на електрична енергија кои се зголемија кај електродистрибуција, зголемените трошоци за материјали, зголемените плати во компаниите итн.

„Нема да дозволиме никаков ценовен шок. Повторно разноразните експерти ќе ги разочараме, така што, во текот на следната недела ќе ја соопштиме конечната одлука“, истакнува првиот регулатор.

Бислимовски објаснува дека компаниите побарале 27 отсто зголемување на цената, но тој истакнува дека „апсолутно нема да го добијат тоа“.