strumica denes logo

НЕКОЛКУ ЛИЦА ОД СТРУМИЦА ЖИВЕЕЛЕ ВО СТРАНСТВО, А ДОБИВАЛЕ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА – КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТЕНИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ-СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јуни 26, 2025

Автор:

Датум:

јуни 26, 2025

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против седум вработени во Центарот за вработување во овој град, осомничени за „несовесно работење во службата“, информира Министерството за внатрешни работи.

Пријавени се Р.К. (62), Ж.Д. (56), Е.Д. (42), Ж.К. (67), З.Ј. (56), Ј.Т. (45) и Р.А. (55), сите од Струмица, кои во периодот од 2021 до 2025 година во системот на Агенцијата за вработување на РСМ пријавувале македонски државјани како активни баратели на работа, иако тие не биле физички присутни во земјата.

Со ваквото постапување, според МВР, било прекршено законското уредување и овозможено лицата што живееле во странство незаконски да користат државна социјална помош, вклучувајќи ја и гарантираната минимална помош, која всушност требало да им биде укината.

Со тоа, државниот буџет бил оштетен за 333.968 денари. Случајот е целосно документиран и поднесена е кривична пријава до надлежното обвинителство.