strumica denes logo

НЕБОТО СЕ ЗАТВОРА: Масовни откажувања на летови кон Блискиот Исток – Започна нова голема војна!

Автор:

Датум:

февруари 28, 2026

Автор:

Датум:

февруари 28, 2026

Голем број авиокомпании ги суспендираат летовите кон Израел и други земји од Блискиот Исток по последната ескалација во регионот
Германската компанија Луфтханза ги откажа летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, а привремено ги суспендира и линиите кон Дубаи. Ер Франс ги откажа денешните летови до Тел Авив и Бејрут, додека КЛМ откажа лет од Амстердам кон Израел.

Суспензии и од други компании
Виз Ер ги суспендира сите летови до и од Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман до 7 март. Ер Арабија ги откажа линиите до Иран и Ирак, а Иберија Експрес го откажа планираниот лет до Тел Авив.

Затворени воздушни простори
Ирак, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати го затворија својот воздушен простор. Авиокомпаниите соопштуваат дека внимателно ја следат ситуацијата и дека распоредите може дополнително да се прилагодуваат во зависност од безбедносните проценки.