НЕ’ ОЧЕКУВА НЕБЕСЕН ФЕНОМЕН КОЈ ЌЕ ТРАЕ 15 СЕКУНДИ!

декември 12, 2023

На почетокот од оваа недела светот го очекува редок небесен настан кој вклучува привремено затемнување на многу светлата ѕвезда Бетелгез од страна на астероидот Леон.

Феноменот, кој се очекува да трае не повеќе од 15 секунди, ќе се случи доцна вечерва, а ќе биде видлив во тесен опсег од централна Азија до делови од Мексико. Ѕвездата Бетелгез, црвениот суперџин во соѕвездието Орион, ќе биде затемнета од Леон, бавно ротирачки астероид во главниот астероиден појас помеѓу Марс и Јупитер во Сончевиот Систем.

Астрономите имаат цел да добијат увид на двете небесни тела за време на реткиот настан, надоврзувајќи се на неодамнешните процени дека Леон е широк околу 54 километри и долг 80 километри. Не се знае со сигурност дали затемнувањето ќе биде целосно.

– Неизвесно е кое сценарио ќе го видиме, што го прави настанот уште поинтригантен – посочува астрономот Џанлука Маса.

Лоцирана на 700 светлосни години од нас, Бетелгез, видлива со голо око, го надминува нашето Сонце по светлина и големина. Кога би го заменила нашето Сонце, рабовите на ѕвездата би се прошириле надвор од орбитата на Јупитер. Со своите 10 милиони години, Бетелгез е помлада од Сонцето и се очекува да биде со краток животен век поради нејзината големина.

Бетелгез беше значајно затемнета во 2019 година, кога површински материјал исфрлен во вселената формира облак од прашина, привремено блокирајќи ја нејзината светлина. Ѕвездата се врати во својата поранешна состојба за шест месеци. Сепак, научниците предвидуваат експлозија на супернова за Бетелгез во рок од 100.000 години.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ