Научниците целосно го дешифрираа Y-хромозомот

август 26, 2023

Научниците целосно го дешифрираа мистериозниот хромозом присутен кај мажите, кој може да помогне во истражувањето на нивната неплодност. Ова е важен чекор напред во разбирањето на човечкиот геном, пренесува „Ројтерс“. Истражувачите ја открија првата комплетна секвенца на човечкиот хромозом Y, кој е еден од двата хромозома и обично се пренесува од машкиот родител на машкото потомство.

Гените на хромозомот Y помагаат во управувањето со клучните репродуктивни функции, вклучувајќи и производството на сперма, па дури и се вмешани во ризикот и сериозноста на ракот.

– За ова би сакал да им се заблагодарам на новите технологии за секвенционирање и пресметковни методи, рече Аранг Рије, научник од Националниот институт за истражување на човечкиот геном на САД и главен автор на студијата.

Тој додаде дека научниците сега имаат пристап до целосен приказ на кодот на хромозомот Y за првпат.

– Откривме повеќе од 50 проценти од должината на хромозомот што претходно недостигаше на нашите геномски мапи, рече Рије.

Истражувањето ги откри карактеристиките на медицински релевантните региони на хромозомот Y, вклучувајќи и дел од ДНК што содржи неколку гени вклучени во производството на сперма.

Новото и поцелосно разбирање на хромозомските гени ќе има практична примена во истражувањето на неплодноста, велат истражувачите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ