Домашните и странски медиуми неодамна известија за наоѓањето на метална топка во Јапонија, поточно во префектура во градот Хамаматсу.
Мистериозниот објект, со пречник од 1,5 метри, се насукал на крајбрежјето и привлекол големо внимание.
Се шпекулирало дека станува збор за стара поморска мина, некој вид опрема за шпионирање, па дури и вонземска технологија.
Направен е и рендген
После тестирањето кое вклучувало и рендген, научниците откриваат дека металната топка е најобична пловка.
„Ваквите пловки се прилично чести, а нивните фотографии може да ги видите и на Pinterest. Океанографите ги користат за различни истражувања“, изјавил Уве Сенд од Институтот Скриптс во Калифорнија.
Најчесто се прават од метал, а служат и за повикување бродови во пристаништата или на отворено море кога се стационирани, пренесува „Interesting Engineering“.
Параноја поради балон?
Уве Сенд бил зачуден од интересирањето кое го предизвикало пловката од Јапонија.
„Можеби луѓето се параноични поради балонот“, изјавил тој.
Научник од Калифорнија алудира на летечки објект којшто неодамна бил соборен на територијата на САД…
Значи, мистериозната топка не дошла од далечната вселена, а како изгледа погледнете во наредниот прилог: