По неверојатен успех на еден од најпознатите актери во регионот, Тарик Филиповиќ, Ви го презентираме неговиот последен авторски проект. Spektakluk и Magic Act Show во кои учествуваше како автор и изведувач може да се наречат најуспешни шоуа во историјата на хрватскиот театар. Со повеќе од 300 одиграни претстави кои ги гледаше на целиот регион, Тарик Филиповиќ има нов оригинален проект – монодрама за животот Мирослав Ќиро Блажевиќ наречена Ќиро.
Фудбалот како ниеден друг спорт предизвикува бура на реакции, за него се дебатира и истиот се сака на ниво на божество. Стадиони, навивања, репрезентацции, светски првенства се важни датуми кои фер е да се каже дека ако се праша народот ќе бидат забележани како државни празници.
Еуфоријата околу овој спорт го достигнува врвот па затоа темата на оваа монодрама се наметна сама по себе. Но, покрај фудбалот во поширока смисла, во срцето на оваа монодрама се обрнува внимание на нешто многу по интересно. Личноста и карактерот на една фудбалска икона која за своето име име поврзано повеќе анегдоти и асоциации него било која друга урбана легенда.
Што значеше Ќиро Блажевиќ за Тарик, во неговото созревање како човек и како страсвен фудбалски навивач?
Приказната за сеопфатниот и неповторлив фудбалски тренер, тренер на сите тренери како што го нарекува на Светското првенство во Франција во 1998 година, чии реченици се цитирани ден денес и неговата славна реченица „сине мој“ која даде непосредност и ексцентричност во претствата ќе ви го задржат вниманието до самиот крај.
Токму оваа безвремена приказна преточена во монодрамата „Ќиро“ за прв пат го носи Тарик Филиповиќ во македонските театри, од 22ри до 27ми октомври. Предвидени се четри изведби, една во Македонскиот Народен Театар (голема сала) на 24ти октомври, со можност за уште една изведба наредниот ден. Останатите гостувања се во Битола на 22ри октомври, 26ти октомври во Струмица и 27ми октомври во Штип.