Perdormire
Струмица

НАСТАН ВО СТРУМИЦА: „ПЕПЕЛАШКА“ ВО ИЗВЕДБА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ!

По успешната премиера во април и реприза во септември 2019 година во Националната Опера и Балет во Скопје, изведба пред публиката во Гевгелија, Штип, Зајечар, пред Принцот Едвард по повод неговата дводневна посета во Скопје и на многубројни настани и манифестации, чест ни е да го најавиме гостувањето во Струмица.

Првата инклузивната танцова претстава ,,Пепелашка,, ексклузивно за публиката во Струмица. Претставата е во целосна организација и реализација на танцово студио ЕУРЕКА од Скопје кое има традиција од 19 години работа. Во главни улоги на претставата се лица со попречености, останати улоги – деца и млади членови на Еурека Студио.

,,Кога Сонот станува реалност,, или ,,Еурека, Сон, Реалност,, е мотото на ова оригинално дело. На сцената во Домот на Култура ќе застанат 90 учесници, членови на Еурека и во 70 минути ќе се обидат да ве пренесат во светот на танцот.

Можна ли е Пепелашка во ново време? Или Нова Пепелашка во старо време? Не мислите ли дека лице со попреченост е необичната Пепелашка во ова наше сурово време?
Без оглед на различните способности на лицата со попреченост, низ оваа сценско уметничка форма, успеваме да ја покажеме вредноста на човекот, да ја промовираме толеранцијата, хуманоста, емпатијата и љубовта кон човечкиот род.

Претставата ќе се одржи во петок на 21.02.2020 година во Центар за култура Антон Панов- Струмица со почеток во 19 00

Гостувањето на ,,Пепелашка,, во Струмица е под покровителство на Британска Амбасада, а поддржано од Општина Струмица и Центар за култура Антон Панов.

Влезот за претставата е бесплатен, а билети може да се подигнат од Центар за култура Антон Панов и книжара Трејд