Ирски паб Гиливер со задоволство ве поканува да присуствувате на првиот концерт во сопствена организација. Гостуваат најголемиот македонски шоумен Игор Џамбазов и легендарниот гуру на гитара Игор Атанасоски-Харе, кои како дуо ни ветуваат вечер исполнета со извонредна музика и многу хумор.
Концертот ќе се одржи на 19-ти Октомври, со почеток од 21.30 часот, а влезниците во органичен број, ќе ви бидат достапни од четврток, 10-ти Октомври во Ирскиот паб. Цената на една влезница изнесува 400 денари со вклучено мезе од куќата.
Ова е навистина уникатна можност да бидете дел од перформансот на добро познатиот двоец и со своето присуство да помогнете да се издигне музичката култура во градот на едно повисоко ниво.