НАСКОРО СТРУМИЧАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВ УГОСТИТЕЛСКИ ЛОКАЛ „БАБИЛОН“

мај 18, 2019

Нов угостителски локал ,,Бабилон” со амбиент што изненадува со оргиналност и воодушевува со идејата наскоро ќе биде отворен во Струмица.

За сите љубители на природниот амбиент во центарот на градот струмичкиот Babylon ќе понуди ентериер со големи вертикални градини и изобилство на вешто уредено живо цвеќе.

Сместен на препознатлива локација на корзото (поранешен Амор) со површина од 250 метри квадратни и капацитет над 150 гости лаунч просторот ќе понуди свежина од вертикалните градини на ентериерот.

Струмичкиот нов Бабилон потсетува на градините на Семирамида – престол на природата во стариот Вавилон.
Жешките летни денови и, загадениот воздух се аргумент дека престојот во автентично природна средина веќе не е само опција туку приоритет.

Babylon во новиот локал вработува: шанкери, келнери, хостеси, менаџери.

Информации на телефон:

079265045

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ