На карате турнирот „Swiss Junior Open“, кој се одржа во Швајцарија, младата Ангелина Тренчева од струмичкото село Штука постигна значаен успех, освојувајќи две втори места и два сребрени медали.
Таа настапи во категориите Ката У10 и Кумите У10, каде се натпреваруваше со едни од најдобрите деца до 10-годишна возраст.
Особено впечатливо е што Ангелина има само 7 години, а успеа да освои два сребрени медали во конкуренција со повозрасни и квалитетни натпреварувачи.
Овој успех претставува големо признание за нејзиниот труд, талент и посветеност во карате спортот, но и гордост за нејзиното родно село Штука и струмичкиот регион.



























