strumica denes logo

НАСА за празниците објави фотографија од Вселената што наликува на украсена елка!

Автор:

Датум:

декември 24, 2023

Автор:

Датум:

декември 24, 2023

За празниците, НАСА објави пригодна фотографија од вселената на која се гледа структура која наликува на украсена елка. Се разбира, ова не е некаква вселенска елка. Космосот, би можеле да кажеме, е рамнодушен кон нашите празници. Таа има свои природни закони и не слави и не тагува за ништо.

Оваа композитна фотографија, направена од вселенскиот телескоп Чандра на НАСА, го прикажува најновиот поглед на NGC 2264, космички феномен познат и како „Кластерот на Божиќното дрво“. Тоа е збирка на млади ѕвезди во нашата галаксија кои се стари меѓу еден и пет милиони години. Овие ѕвезди се оддалечени околу 2.500 светлосни години од нас. Некои се поголеми, а некои помали од Сонцето.

Зошто оваа структура наликува на новогодишна елка?

Овој космички феномен наликува на украсена елка поради изборот на бои, слики во различни бранови должини на светлина и ротација на композитната фотографија. Сино-белите трепкачки светла се всушност млади ѕвезди кои емитуваат Х-зраци, додека зелената боја го претставува гасот во маглината.