Вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) на НАСА го сподели фотографии од Уран, откривајќи невидливи блескави прстени околу ледениот џин и неговите 27 месечини.
Телескопот вреден 10 милијарди долари сними 11 од 13-те прстени на планетата, кои се толку светли што изгледаат како да се спојуваат во една осветлена јамка.
Астрономите се изненадени од моќта на JWST, бидејќи ги отслика двата најслаби прстени кои не беа откриени до прелетувањето на Војаџер 2 во 1986 година.
Главните прстени се направени од ледени карпи во должина од неколку метри, додека другите се главно од ледени парчиња затемнети од камења.
Прстените се тенки, тесни и темни во споредба со оние на другите планети, како што е Сатурн. Веб, исто така, сними многу од 27-те познати месечини на Уран, од кои повеќето се премногу мали и слаби за да се видат, но шесте најсветли се идентификувани на фотографијата.