NASA бара доброволци за симулација на живот на Марс!

февруари 26, 2024

Американската вселенска агенција NASA бара четворица мотивирани кандидати за едногодишна симулација на живот на Црвената планета.

Почнувајќи од пролетта 2025 година, четворица доброволци ќе поминат 12 месеци на „Mars Dune Alpha“ во Хјустон, локација за симулација со големина од околу 160 квадратни метри, моделирана по замислена станица за истражување на Марс, објави НАСА во петокот.

Истражувачката станица е модуларна 3Д печатена структура во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.

Програмата ќе ги симулира предизвиците на мисијата на Марс, вклучувајќи ограничувања на ресурси, дефекти на опремата, доцнење во комуникацијата и стресни фактори на животната средина. Задачите на екипажот вклучуваат симулирани вселенски прошетки, роботски операции, одржување на живеалиштата, вежбање и одгледување култури.

Ова е втора ваква симулација која е дел од програмата на НАСА „CHAPEA“ (Crew Health And Performance Exploration Analog) која има за цел да се подготви за мисии на Марс.

Апликациите се отворени до 2 април, а кандидатите треба да имаат диплома по природни науки, да бидат на возраст меѓу 30 и 55 години, „здрави, мотивирани“, непушачи и да се државјани на САД или постојани жители. Тие исто така мора течно да зборуваат англиски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ