НАРОДОТ СЕ МОБИЛИЗИРА, САМИ ЌЕ ГО БАРААТ МОМЧЕТО КОЕ ИСЧЕЗНА ВО ВОДИТЕ НА БРАНАТА КАЈ ДРВОШ!

јули 21, 2023

Денеска продолжува потрагата по момчето кое на 16 јули  исчезна во водите на браната кај Дрвош. Како што вели за Струмица Денес блиска роднина на исчезнатото момче, потрагата ќе започне во 16:00 часот.

„Потрагата се одвива тешко бидејќи водата е многу матна и насекаде е гранки. Со помош на луѓето се надеваме дека ќе успееме да го пронајдеме Мартин во најбрзо време“, вели во изјава за Струмица Денес роднината на изчезнато момче.

Во најавената потрага се апелира на внимателност и сите кои ќе бидат вклучени во истата со себе да имаат ранец со вода, да бидат во бела облека и со капи/шешири за заштита од сонцето.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ