За да ја направите оваа торта ќе ви требаат само 10 минути и микробранова печка.
Знаевте ли дека можете да направите вкусен десерт само со помош на микробрановата печка?
За да направите чоколадна торта ќе ви требаат неколку едноставни состојки, а целата подготовка, заедно со „печењето“, нема да ви одземе повеќе од 10-тина минути.
Потребни состојки
За тортата:
- 150g сенаменско брашно
- 100g шеќер
- 90g несолен путер, растопен
- 60g какао
- 2 лажички прашок за печиво
- 380ml топла вода
За чоколадниот прелив:
- 150g темно чоколадо
- 150ml крем за готвење
Начин на подготовка:
- Ставете ги брашното, шеќерот, какаото и прашокот за печиво во голем сад и измешајте ги.
- Додајте ги растопениот путер и топлата вода и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
- Во сад погоден за микробранова печка ставете хартија за печење, па внатре истурете ја смесата за тортата.
- Ставете ја тортата во микробранова 5-6 минути на 400 вати.
- Препорачливо е да ја проверите тортата една минута порано со чепкалка за заби – боцнете ја и ако чепкалката е сува, тоа значи дека тортата е готова. Ако чепкалката е влажна, оставете ја тортата уште една минута, па повторно проверете ја со чепкалка.
- За да го направите преливот, искршете го темното чоколадо во сад погоден за микробранова печка и додајте го кремот за готвење.
- Ставете ја смесата во микробрановата печка околу една минута, а потоа добро измешајте.
- На крај извадете ја тортата од садот и прелијте ја со чоколадниот прелив.
Среда е среќен ден, а посебно среќен беше за еден обложувач во Sport Life од Струмица, кој успеа со влог…
Полицијата одзеде боксирач од млад маж во Аеродром вчеравечер. - На 15.01.2025 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на…
Адиент, водечки глобален добавувач за автомобилски седишта, ја доби овогодинешната сертификација „Најдобар работодавец“, Top Employer и за својата организација во…
Експресен пат за Прилеп, делница Градско-Дреново. Инвестиција вредна 37.500.000 Евра 3 Клучки 4 Вијадукти 4 Надвозници 3 Подвозници Ги поздравуваме…
Слаткарница „Бисер“ вработува: ПРОДАВАЧКИ И ШОФЕРИ Заинтересираните за подетални информации и пријавување, може да се јават на следниот телефонски број:…
Премиерот Христијан Мицкоски утре во 11 часот ќе присуствува и свој говор ќе има на пуштање во употреба на делницата…