strumica denes logo

НАКОВСКИ ВОЛЕЈ ГО ДЕМОЛИРА РАБОТНИЧКИ И СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА!

Автор:

Датум:

ноември 20, 2025

Автор:

Датум:

ноември 20, 2025

Екипата на ОК „Наковски волеј“ оствари убедлива победа на гостински терен против повеќекратниот шампион ОК „Работнички“, триумфирајќи со 3:0 во сетови и со тоа го презеде врвот на табелата во Првата лига – жени.

Во натпревар во кој доминираа и на мрежа и во одбраната, одбојкарките на „Наковски волеј“ рутински стигнаа до својата седма последователна победа оваа сезона. Резултатот по сетови 25:18, 25:22 и 25:20 најдобро ја отсликува контролата што ја имаа низ целиот меч.

Со сигурна, дисциплинирана и колективна игра, тимот не му остави простор на „Работнички“ да се врати во натпреварот, користејќи ја предноста во сервис, блок и прием. Со оваа победа, „Наковски волеј“ останува единствена непоразена екипа во елитното женско одбојкарско првенство и на голем стил го освојува лидерското место на табелата.

Успешната серија и фактот дека се единствени без пораз дополнително го зацврстуваат статусот на „Наковски волеј“ како еден од главните фаворити за највисок пласман во сезоната 2025/2026.

  • Banner