НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: СО ЗАБОЛЕНАТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ ПАТУВАЛЕ И НАШИ СТРУМИЧАНИ – 14 ДЕНА ЌЕ БИДАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА!

февруари 26, 2020

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција во Владата изјави дека со комбе во кое имало девет луѓе допатувала жената која е заразена од коронавирус од Италија.

Патниците кои со неа патувале се од Скопје, и Струмица, а екипи веќе се упатени кај нив за да направат анкета, да се види дали имаат некакви симптоми.

Овие лица ќе бидат во домашна изолација.

„Врз основа со колку луѓе контактирале, ќе се утврди дали ќе продолжи изолацијата или ќе бидат префрлени во одделенијата за надзор“, вели Филипче.

Утре ќе има нови информации на оваа тема.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ