strumica denes logo

НАЈГОЛЕМИОТ УМ НА СИТЕ ВРЕМИЊА: Пешачел по 17 километри на ден, избегнувал месо и спиел само 2 часа – Кои биле навиките а долговечност на Никола Тесла?

Автор:

Датум:

јануари 4, 2025

Автор:

Датум:

јануари 4, 2025

Никола Тесла, познат по своите револуционерни изуми, не бил само научен ум, туку и човек со строг начин на живот, насочен кон здравјето и долговечноста. Според негов современик, Тесла на 80 години имал свеж изглед, исправена става и јасен ум, со амбиции да живее до 140 години. Иако починал на 86 години, неговата дисциплина и филозофија остануваат инспиративни.

Тесла следел необични навики за одржување на здравјето. Бил опсесивен за хигиената, редовно миејќи ги рацете и избегнувајќи контакт со луѓе. При јадење, ги пресметувал количините на храната и се придржувал кон минималистички оброци, избегнувајќи месо и храна која го зголемува нивото на урична киселина. Неговата исхрана се сведувала на млеко, мед и зеленчукови супи.

Физичката активност била исто толку важна. Тесла секојдневно пешачел 17 километри и изведувал утрински вежби за енергија. Иако спиел само два часа на ден, тврдел дека тоа е доволно за обновување на силите.

Во интервју на 77 години изјавил дека староста е најдобриот период за работа, верувајќи дека дисциплината и здравјето се клучни за продуктивност. Тесла ја истакнувал важноста на простота и умереност во животот, поттикнувајќи на минималистички пристап за одржување на телото и умот.