Најголемиот луксузен едреник во светот ќе заплови во 2026 година!

јануари 17, 2023

Производителот на патнички возови Orient Express го претстави најголемиот луксузен едреник наречен Orient Express Silenseas. Ова се случува речиси 140 години после лансирањето на првиот луксузен воз на компанијата.

Како што објавија на нивната страница, оваа револуција во морската индустрија е амбициозен проект со кој се поместуваат границите на она што е возможно. Бродот е резултат на уникатното француско партнерство помеѓу светскиот хотелски лидер Accor and Chantiers de l’Atlantique и глобалната бродска компанија. Оваа јахта од иднината со спектакуларен ентериер ќе заплови во 2026 година.

Едреникот е долг 220 метри и има 54 апартмани со просечна површина од 70 квадратни метри. Бродот има и монументален претседателски апартман со површина од 1.415 квадратни метри, вклучително и тераса од 530 квадратни метри, два базени, два ресторани и бар.

Orient Express Silenseas ќе има и Амфитеатар-кабаре, каде што ќе се одржуваат многи шоупрограми, како и приватно студио за снимање кое ќе служи за создавање оригинални мелодии. Патниците на бродот ќе можат да користат спа третмани, медитација и да истражуваат културни богатства на попатните станици, што ќе им овозможи целосно да се исклучат од реалноста и да го сопрат времето.

„Со Orient Express Silenseas ние почнуваме ново поглавје во нашата историја, имплементирајќи го нашето искуство на полето луксузно патување на најубавите води во светот“ вели извршниот директор на Accor, Себастиен Базен.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: