Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
💥Градежната офанзива во Општина Струмица зема се поголем замав.
Уште еден капитален проект започнува да се реализира.
🛤️Нов булевар Струмица – Дабиле.
За таа цел се известуваат граѓаните дека деновиве отпочнуваат градежни работи за реконструкција на дел од магистралниот пат, на делницата Струмица – Дабиле.
🚧Поради тоа, сообраќајот на оваа делница ќе се одвива со изменет режим, па се замолуваат учесниците во сообраќајот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, како и да имаат разбирање за значењето на реконструкцијата на оваа делница.