strumica denes logo

НАЈАВА ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ: Се очекуваат поројни врнежи и можна појава на град!

Автор:

Датум:

јуни 5, 2025

Автор:

Датум:

јуни 5, 2025

Под влијание на фронтален бран со поладен воздух на висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, денес и утре (четврток и петок 5 и 6 јуни) особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места кај нас ќе се формираат фронтални влажни бранови кои значително ќе ја дестабилизираат атмосферата.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во ваква ситуација, на повеќе места кај нас ќе се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра со појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на можен крупен град.

Во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, посебно во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.