strumica denes logo

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ДОДЕЛЕНА НА МИЛЕ И ГОРГИ БАРБАНОВСКИ – БРАЌАТА КОИ ГИ НАПИШАА ПЕСНИТЕ „ЗАВЕТНА“,, ДАЛИ ЧЕКАШ СТАРА МАЈЧИЧЕ“, „АКО ЗГРЕШАМ“ И МНОГУ ДРУГИ!

Автор:

Датум:

декември 11, 2025

Автор:

Датум:

декември 11, 2025

По повод празникот на Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, Општина Струмица денес свечено ги додели годишните општински признанија на истакнати поединци и институции од различни области, кои со своите резултати и ангажман ја промовирале општината во државата и надвор од неа. Овогодинешните добитници произлегоа од Јавниот конкурс што Општината го распиша минатиот месец, а со кој граѓаните и организациите имаа можност да предложат кандидати за ова значајно општинско признание.

Наградата за животно дело „Св. 15 Тивериополски Свештеномаченици“ годинава им беше доделена на браќата Миле и Горги Барбаровски, познати по своето богато музичко творештво. Тие се автори на бројни песни, меѓу кои и „Заветна“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ако згрешам“ и многу други композиции што оставиле силен печат во македонската музичка сцена.

Со ова признание, Општина Струмица го валоризира нивниот долгогодишен труд, креативност и посветеност, но и силната емотивна врска што преку своите песни ја создадоа со Струмица и со пошироката македонска јавност. Наградата за животно дело претставува израз на благодарност и почит за нивниот придонес во културната традиција и идентиетот на градот.

Инаку, врз основа на пристигнатите предлози, оваа година признанија добија хуманитарното здружение „Дијаконија Струмица“, кое функционира како социјална служба во рамките на Евангелско методистичката црква, здружението „Струма“, препознатливо по своите извонредни карневалски креации, компанијата „Серафимов груп“, Кристина Зимбакова, која успешно ги спојува планинарството и уметноста, како и актерот Кољо Черкезов, кој во 2025 година обележа значаен јубилеј во театарската уметност и УЈП дирекција Струмица.

  • Banner