На скопскиот аеродром запленети речиси 5 килограми сребрен накит и бижутерија

октомври 10, 2023

Безмалку пет килограми сребрен накит и бижутерија биле запленети од цариниците на Меѓународниот Аеродром Скопје. Странски државјани не го пријавиле накитот при излез, односно влез во земјава.

– Во едниот случај станува збор за четири килограми сребрен накит и бижутерија што британски државјанин, инаку сопственик на продавница за накит се обидел да ги изнесе од државата, без притоа да ја декларира стоката од комерцијален карактер кај царинските службеници. Накитот е откриен при контрола на рачниот и дополнителниот багаж којшто е побаран од страна на царинските службеници по увид на картата на патникот. Во вториот случај, на влез во државата, запленети се 123 парчиња сребрен накит откриени по контрола на патник, инаку турски државјанин, кој патувал од Истанбул – информираат од Царина.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ