strumica denes logo

НА СЕКОЈ ЧЕКОР КАЗИНА ВО СТРУМИЦА: Коцкањето е болест за која најмалку се зборува

Автор:

Датум:

ноември 20, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 20, 2018

Категории:

Струмица

Заедно со брзиот начин на живот рамо до рамо се движи и порастот на зависници. Кога ќе се спомене зависници, најчесто ни паѓа на памет зависници од дрога, алкохол, тренд зависноста од интернет, а да не зборуваме за зависност од никотин, а каде е коцката? Во последните години ова станува сериозен проблем во Струмица на кој никој не реагира. Казина се отвараат буквално на секој чекор во градот, а младите од ден на ден се повеќе и повеќе се навлекуваат на нив….

Коцкањето постоело од секогаш, со што во денешно време зазема голем замав, но некако стои задскриено зад другите пороци. Првиот писмен запис на коцкање доаѓа од древна Кина 2300. п.н.е. а, коцкарската индустрија денес добива приход повеќе од 82милјарди $ годишно. Тука лежи одговорот зошто оваа зависност всушност е на заден план, бидејќи од неа добро се профитира.

Идејата да се профитира на човечката пасија да се испроба среќата не е нешто ново, но нова е енормната распространетост на коцката која не бира возраст и пол. Да , навистина коцкањето не влијае физиолошки на човекот ( иако многу често коцкарите конзумираат алкохол или дрога ), сепак запоставен е тој психолошки момент кој може да доведе до целосна дезитеграција на личноста.

Според Меѓународната класификација на болести, дефинирани се 2 растројства кои се поврзани со коцкањето кои своевремено добиле и свои шифри како болести и тоа :

-коцкање и кладење кое се поврзува со начинот на живот и се однесува на проблематично коцкање.

-патолошка сколоност кон коцкање како пореметување во нагоните и навиките.

Екстремни случаи на проблемот коцкање влегуваат во сферата на ментални нарушувања. Според Американската психијатриска асоцијација, патолошкото коцкање е хронична и прогресивна болест на импулсите на контрола, и по својата природа е ментална болест.

Според Американскота класификација на ментални нарушувања (ДСМ-IV), патолошкото коцкање се разликува од другите нарушувања на импулсите, расположението или мислењето. Со цел да биде независна од другите слични нарушувања, човек кој страда од патолошко коцкање мора да има 5 или повеќе симптоми или знаци на болеста:

Преокупираност. Личноста често мисли на коцкање без разлика да се однесува на минато, идни или замислено коцкање.

Толеранција. Како и со психоактивните супстанци, личноста прави се повеќе и се почесто ( вложува се повеќе и почесто ) како би го доживеала истото “возбудување’.

Повлекување, откажување. Чувство на вознемиреност и раздразливост при помислата да прекине со коцкање или да намали.

Инсистирање. Личноста се обидува да ги врати своите загуби со се повеќе коцкање.

Лажење. Личноста се обидува да ги прикрие размерите на своето коцкање, пред своето семејство, пријателите или психотерапевтот.

Губење на контролата. Личноста безупешно се обидува да го намали коцкањето.

Незаконски дејствија. Личноста го крши законот се со цел да дојде до пари потребни за коцкање или за да ги врати парите кои ги изгубил. Тоа може да вклучува крадење, проневери и фалсификување на пари.

Ризикување на односите со блиските луѓе. Личноста продолжува со коцкање и покрај ризикот да го изгуби партнерот, пријателите, работата или значајни прилики.

Бегање од проблемите. Личноста се коцка да го поправи расположението или да избега од проблемите.

10.Плаќање кауција. Личноста се свртува кон семејството, пријателите или трета личност за финансиска помош за плаќање на своите долгови.

Патолошкиот коцкар не е во можност да ја прифатат реалноста, е емоционално незрел и нема доверба. Најдобро се чувствува кога коцка. Тој живее во свет кој ги задоволува неговите емоционални потреби. Меѓутоа, како по правило, никогаш не достигнува тежина која ќе му овозможи да ги исполни соништата на богатите и пријатен живот, веројатно затоа што секогаш постои потреба да се добие уште поголема добивка. Сеуште е дискутабилно дали коцката е стил на живот, порок, забава, игра или болест, но она што мене ме поттикна да го преиспитам овој терен е се поголемиот број на млади кои секојдневно влегуваат и излегуваат од казината. Барајќи начин како да стигнат до лесни пари, Дали себеси си стават тешка мака? Нели игра на среќа е и лотаријата, па така и казиното, но каде е границата ? Кој ни гарантира нам дека по неколку години тие деца нема да прераснат во патолошки коцкари кои ќе газат се пред себе хипнотизирани од моќта на рулетското топче. Затоа не е на одмет да се знаат последиците од секојдневното коцкање и можноста сето тоа да премине во нешто што се нарекува зависност и кое бара третман. Изборот е ваш!