bandr
Струмица

НА РАСКРСНИЦАТА КАДЕ СЕ СЛУЧУВААТ НАЈМНОГУ СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ ВО СТРУМИЦА, КОНЕЧНО ПОСТАВЕНИ „ЛЕЖЕЧКИ ПОЛИЦАЈЦИ“

На раскрсницата на „Младинска“ кај ОУ „Никола Вапцаров“ на која изминативе години се случуваа најмногу сообраќајни несреќи, конечно по барање на граѓаните беа поставени „лежечки полицајци“. На социјалните мрежи луѓето коментираат дека ова е за пофалба и се надеваат дека во иднина нема повеќе да се случуваат незгоди и повеќе ќе се почитуваат сообраќајните знаци.