На денешен ден роден е Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија и лидер на СДСМ. Заев по професија е бизнисмен и политичар, а во периодот 2005–2016 бил градоначалник на општина Струмица. Пред да влезе во политиката тој се занимавал со приватен бизнис во родниот крај. Во периодот 2003–2005 бил пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа се кандидирал за градоначалник на Струмица, функција која ја извршувал во три мандати. По оставката на Бранко Црвенковски од челното место на СДСМ во 2013, Заев бил именуван за нов партиски предводник. По неуспехот на парламентарните избори во 2014 ја обвинил актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за изборна местенка и решил неговата партија да дејствува како вонпарламентарна опозиција. Во 2015 објавувал нелегално стекнати телефонски разговори на високи владини функционери кои содржеле индиции за организиран криминал. Истата година го потпишал Пржинскиот договор кој предвидувал техничка влада за организирање на предвремени парламентарни избори во 2016. По предвремените избори во 2016, партијата на Заев формирала парламентарно мнозинство со пратениците на ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците. Заев бил предложен за мандатар во мај 2017. Прв чекор на неговата влада во надворешната политика било потпишување на договор за добрососедство со Република Бугарија во август 2017.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е РОДЕН ЗОРАН ЗАЕВ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Денес се празнува Светиот маченик Калистрат
Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор,…
Струмичката компанија „МЕТАЛОПРОМЕТ“ вработува: 1. ПРОДАВАЧИ НА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА 2. ЕЛЕКТРИЧАР 3. ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР 4. ОПШТИ РАБОТНИЦИ ЗА РАБОТА ВО…
ГАРДЕН ЦЕНТАР РИСТОВИ од Владевци, вработуваат две продавачки за продажба на цвеќиња и онлајн продажба и десет жени, општи работнички…
Друштвото за трговија МГ АСТЕРИКС поради зголемен обем на работа,има потреба од двајца дистрибутери на овошје и зеленчук. Кандидатите треба…
Струмичката компанија МАРТИ ХИГИЕНА има потреба: 1. ХАУСМАЈСТОР 2. ХИГИЕНИЧАРИ 3. АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТНИЦИ Сите оние кои се заинтересирани за условите…
Денес се празнува Преподобна Ефросинија
Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, кои со молитва ја беа испросиле од Бога.…