НА 23 ЈУНИ ВО НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГОЛЕМА ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА КАКО ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА НА СОФ 2019!

јуни 20, 2019

На 23 јуни, недела, со почеток од 10:00 часот како дел од тримесечната програма на СОФ 2019 ќе се одржи голема велосипедска тура. Велосипедската тура предводена од велосипедскиот клуб „Актив“ и #ритамотнаградот е иницијатива за нова велосипедска патека во живописниот предел на струмичкото поле. Турата ќе се движи по патот Банско-Борисово, а групата ќе ужива во природните убавини на надалеку познатите три габровски водопади. Дел од велосипедската тура може да бидат сите рекреативци и професионални велосипедисти од Струмица и околината.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ