НА 20 ФЕВРУАРИ ВО СТРУМИЦА ДОАЃААТ ПОПУЛАРНИТЕ „СОЛЗИ И СМЕА“ ВО НИВНАТА НАЈНОВА УРНЕБЕСНА КОМЕДИЈА!

февруари 12, 2024

Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” доаѓаат во Струмица, каде за прв пат во овој град ПРЕМИЕРНО ќе го изведат нивното најново “КОМИЧНО 7-UP ШОУ” кое со сигурност ќе Ве насмее до солзи!

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Благодарение на ова најново комично шоу, последниов месец ги преполнија салите во градовите ширум нашата земја.

Ова најново комично шоу на урнебесните “Солза и Смеа”, ќе се одржи во вторник на 20.02.2024 година (вторник) во НУЦК “Антон Панов” -Струмица , а почетокот на овој комичен спектакл започнува во 20 часот.

Побрзајте, додека сеуште има билети, а истите може да ги набавите секој работен ден на билетарата во НУЦК “Антон Панов” во Струмица од 08:30 до 22 часот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ