Легендарниот актер, музичар и еден од најомилените јавни личности во Македонија, Игор Џамбазов, доаѓа во Струмица како главна ѕвезда на главната бина на СФЕСТ 2025. Настанот ќе се одржи на 16 август (сабота) во Градскиот парк во Струмица, а публиката ја очекува незаборавна вечер исполнета со емоции, хумор и најголемите хитови од неговата богата кариера.
Џамбазов, познат по својата уникатна харизма и неверојатна комуникација со публиката, ќе настапи со специјален концерт, подготвен специјално за струмичката публика и гостите од целата држава. Организаторите најавуваат спектакуларна атмосфера и повикуваат сите љубители на добрата музика и забава да не ја пропуштат највозбудливата вечер на СФЕСТ 2025.
Влезот за настанот е бесплатен, што е уште една причина повеќе да се биде дел од овој музички спектакл под отворено небо.