На 27 октомври 2025 година во СВР Струмица е пријавен сериозен случај на сексуално насилство. Според пријавата, на 26 октомври 2025 година во Струмица, 58-годишен маж од градот извршил обљуба врз 18-годишна струмичанка.
Од СВР информираат дека веднаш по поднесената пријава се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.






















