НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица го потпиша договорот за партнерство за реализација на основен конзерваторски проект за кровната конструкција на Термалното римско лекувалиште во Бањата Банско.
Проектот се реализира во рамки на Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2021–2027 година, и е финансиран од Европската Унија.
Овој важен проект има за цел да обезбеди заштита и одржливо управување со вредното археолошко наследство во Бањата Банско, со што ќе се придонесе кон зачувување на културното богатство, но и кон унапредување на туристичката понуда на регионот.