МОЖЕБИ ЕДЕН ДЕН ЌЕ ГО ИМАМЕ И ВО МАКЕДОНИЈА: Германска компанија доби дозвола за развој на летечко такси!

ноември 29, 2023

Леталото е опремено со повеќе мали пропелери кои се придвижени од електрични мотори, а може да полетува и слетува вертикално.

Иднината на превозот, меѓу другото, веројатно носи и летечко такси. Бројни компании развиваат и тестираат вакви летала, вклучувајќи и стартапи, но и гиганти во авионската индустрија како „Airbus“ и „Boeing“. Според некои најави, првото летечко такси кое ќе пренесува патници би можело да полета веќе за неколку години, но јасно е дека секогаш постојат помали или поголеми одложувања, поради технологијата или регулаторните правила.

Досега во главно читавме за американски стартапи и кинески компании кои ја развиваат оваа технологија, но на овој пазар активни се и Европејците. Од германската компанија „Lilium“ така се пофалиле дека од агенцијата за безбедност во воздушниот сообраќај на Европската унија добиле регулаторна дозвола за дизајн и производство на летечко такси кое може вертикално да слетува и полетува.

Оваа дозвола им овозможува да влезат во следната фаза на дизајн и производство на своите летала, објасниле од компанијата. Ова одобрение е лиценца за работа и потврдува дека „Lilium“ ја има потребната организација, процедура, компетенција и ресурси кои се потребни за дизајн и сертификација на авионите според најголемите безбедносни стандарди.

Леталото кое компанијата го развива, а кое во иднина би требало да пренесува патници, ќе користи повеќе мали пропелери кои работата на електрични мотори кои ќе овозможат вертикално полетување и слетување, како и притисок во текот на летот. Со едно полнење ова летало би требало да издржи околу 300 километри лет. Со таков досег, јасно е дека „Lilium“ нема намера да ги замени класичните авиони, ниту дека размислува за летови меѓу држави.

Со оглед на тоа дека може да полета и слета вертикално, како хеликоптер, на таквото летало не му е потребна класична писта, туку релативно мал простор за маневрирање. Исто така, бидејќи работи на електрични мотори, не создава голема врева.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ