strumica denes logo

МОМЕНТАЛНАТА СИТУАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Нема доволно работници, ниту пак примаат странски работници

Автор:

Датум:

октомври 31, 2023

Автор:

Датум:

октомври 31, 2023

Иако се соочува со недостиг на работна сила Македонија е меѓу државите во регионот со најмала квота за увоз на странски работници. Нашите институции лани издале само 4.300 работни дозволи за странци, а за годинава беа резервирани 5.000. Со најголем проблем се соочуваат индустријата, туристичкиот сектор и градежништвото.

„…Видовме дека Србија сè уште има квоти. Хрватска нема квоти веќе. Таму имаше 108.000 странски работници до месец јули. Србија околу 25.000…“, вели Борче Стојчевски, Здружение за заштита на работниците и работничките права „Тутела“.

Уште пролетта квотата кај нас беше пополнета, пред сè за потребите на турските градежни компании кои си носат работници од Турција. На тој начин останатите сектори не можеа да се надеваат на странски кадри. Стојчевски вели дека државата мора да направи анализа кои се тие работни места за кои има потреба и за нив да ги поедностави процедурите, но сепак мора да се внимава барем на основно познавање на некој глобален странски јазик.

„..Кај нас ако не направиме за минимално познавање на јазикот ќе имаме сериозен проблем од една страна, а од друга страна тоа е отежнат процес за самите работодавачи и за странските работници. Ако бараме од странскиот работник да научи македонски, не би ни работел“, додава Стојчевски.

Многу засегнати од актуелната ситуација се хотелиерите и угостителите бидејки добар дел од домашниот кадар од пролет до есен заминува на работа во Хрватска.

„За да ги задржиме вработените мора да добиваме и поголеми приходи, како би можеле да добиваме и поголеми плати. Хрватска исто така ги зголеми цените и многу се драстично поскапи од Охрид. Вработените што ни избегаа од тука и отидоа Хрватска, дали се среќни или не се, ќе си кажат тие“, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Само лани над 10.000 граѓани од Македонија работеле во Хрватска. Таму сè повеќе се бараат работници, не само за летната сезона, туку и за текот на зимата.