МНОГУ СПОЕНИ ВИКЕНДИ, ГОЛЕМ БРОЈ НА НЕРАБОТИ ДЕНОВИ – ЕВЕ КОГА ЌЕ ОДМАРАМЕ ВО 2024 ГОДИНА!

октомври 28, 2023

Подгответе се! Доаѓаат голем број на неработни денови и споени викенди во 2024-та.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови за СИТЕ се:
За сите граѓани на Македонија неработни се 1 јануари (понеделник); Нова Година, 07 јануари (недела); Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден,06 мај (понеделник); Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 10 април (среда); Рамазан Бајрам; првиот ден на Рамазан Бајрам, 01 мај (среда); Ден на трудот 24 мај (петок) „Св. 02 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба; 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед
06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик; 19 јануари (петок), Богојавление (Водици); 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден; 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед ; 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден; 01 ноември (петок), Празникот на сите светци; 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ: 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ: 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ: • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ