strumica denes logo

МЛАДИТЕ ШАМПИОНИ ОД КИК-БОКС КЛУБОТ „К1 АРЕНА“ ПРИМЕНИ ВО ОПШТИНА ВАСИЛЕВО!

Автор:

Датум:

март 9, 2026

Автор:

Датум:

март 9, 2026

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во својот кабинет ги прими младите шампиони од кик-бокс клубот „К1 АРЕНА“, кои остварија одличен настап на Државното кик-бокс првенство.

Од општина Василево на првенството настапиле седум натпреварувачи, кои освоиле вкупно седум медали, и тоа четири златни, два сребрени и еден бронзен медал, со што уште еднаш го потврдиле својот квалитет и спортски потенцијал.

Златни медали освоиле Петре Велков, Глигор Николов, Лука Колев и Христијан Колев, сребрени медали им припаднале на Александар Илиев и Ненад Јанев, додека бронзен медал освоил Александар Јанев.

Градоначалникот Андонов им честита на младите спортисти за постигнатиот успех, истакнувајќи дека тие се гордост за општина Василево и вистински пример дека со дисциплина, посветеност и упорност се постигнуваат значајни резултати.

На крајот, тој им посакал уште многу победи, успеси и нови спортски достигнувања во иднина.