strumica denes logo

Младите еко-активисти од Василево и градоначалникот Славе Андонов со акција за позелена околина!

Автор:

Датум:

ноември 20, 2025

Автор:

Датум:

ноември 20, 2025

Во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево денес беше реализирана еколошка акција и воннаставна активност под мотото „Дрвја на другарството“, во рамки на која учениците заедно засадуваа дрвја и млади садници во училишниот двор.

Акцијата се реализираше со поддршка на општина Василево и градоначалникот Славе Андонов, кој присуствуваше на настанот и заедно со учениците симболично учествуваше во садењето. Нагласено беше дека токму најмладите се иднината на општината и дека ваквите активности се важни за да се изгради чувство на одговорност и грижа кон природата од најрана возраст.

Преку оваа еко-акција се подигнува свеста кај децата за значењето на заштитата и унапредувањето на животната средина, а новозасадените садници претставуваат симбол на другарство, заедништво и посветеност за позелена и поубава општина Василево.

Од општината порачаа дека ќе продолжат да ги поддржуваат еколошките иницијативи и училишните проекти кои ги поттикнуваат младите да станат активни еко-активисти и чувари на природата.

  • Banner