strumica denes logo

Младиот уметник Таше Пефќев со изложба „Диптих“ во Струмица на 17 декември!

Автор:

Датум:

декември 5, 2025

Автор:

Датум:

декември 5, 2025

Младиот струмички уметник Таше Пефќев на 17 декември ќе ја претстави својата нова самостојна изложба под наслов „Диптих“ во „Арти Бранч Кафе“ во Струмица.

Со својот препознатлив стил и суптилна игра меѓу бојата и формата, Пефќев го отвора прашањето за двојноста во човекот, во природата и во секојдневните појави. Диптихот како форма му служи како средство за создавање контраст, надополнување и паралелна приказна помеѓу две поврзани, но независни целини.

Настанот ќе биде можност љубителите на уметноста од Струмица и регионот да се запознаат поблиску со творечкиот израз на Пефќев, чија работа се развива во насока на современа уметничка естетика, со јасна авторска препознатливост.

Изложбата „Диптих“ ќе биде поставена во креативниот амбиент на „Арти Бранч Кафе“, место кое сè почесто станува платформа за млади уметници и културни настани во Струмица. Публиката ќе може да ја разгледа во деновите по отворањето.

Со повеќе детални информации, наскоро на Струмица Денес!

  • Banner