Струмичанецот Даниел Стојков посвети втора песна на својата мајка. „Мами 2“ е полна со емоционални стихови преку кои младиот Стојков ја опева љубовта кон својата мајка која за жал не е повеќе меѓу нас.
„Ова е втора песна за мојата мајка, не и последна. Ќе продолжам да ја оживувам преку моите стихови“. – вели Даниел за Струмица Денес.
Во продолжение слушнете ја: