Претседателот на Владата Христијан Мицкоски по отворањето на нова хала на компанијата „Амфенол“ во Општина Кочани одговараше на новинарски прашања. Запрашан за арбитражата за сличајот „Казандол“ даде свое видување.
– Ова е втора арбитража која оваа Влада ја добива. И очекуваме барем уште две во периодов кој што следи. Но вистинското прашање е како во минатото во пракса е да се губат арбитражите и сега наеднаш арбитражите е добиваат во полза на државата. Треба тоа да се истражи, изјави Мицкоски.
Премиерот потврди дека направиле промена во адвокатскиот тим, но и дека е симптоматично како во минатото се губеле сите арбитражи како по правило, а сега се добиваат.
–Во случајот станува збор за арбитража која вредеше околу 115 милиони евра, толку беше тужбеното барање на спротивната страна која што го побарувше од тужениот во случајов тоа е Македонија, потенцира Мицкоски.
Како причина да се случи оваа арбитража е раскинатата концесија од страна на Владата за формирање на рудникот „Казандол“.
–Сопствениците на инвестицијата почувствувале дека имаат изгубен профит, дека имале штета и покренале арбитража против државата во вредност 115 милиони евра односно барале оштета како ошетно побарување од 115 милиони евра. Го изгубија, тоа значи дека тие немаат концесија, изјави премиерот Мицкоски.
И додаде дека не е вистина дека со ова што компанијата изгубила сега веќе ќе има отворање на рудникот и дека тоа е повторно конструкција и обид за манипулација од одредени кругови коишто не и мислат добро на Македонија и на граѓаните во Македонија, потенцира Мицкоски во изјавата.