Она што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата го реализираа изминатите денови претставува вистински новитет на политичката сцена во Македонија. Во рамките на завршната панел-дискусија на тема „Локалната и централната власт работат за тебе“ беа претставени приоритетите и плановите за развој на главниот град и општините.
На настанот беше истакнато дека за Скопје како приоритетни се поставуваат три клучни столба: враќање на хигиената во градот, завршување на сите започнати проекти и консолидирање на јавните претпријатија.
Притоа беше најавено дека централната власт преку Министерството за транспорт ќе продолжи со набавката на електрични автобуси. Најголем дел од возилата ќе бидат наменети за јавниот превоз во Скопје, но дел од нив ќе бидат распределени и во општините кои имаат организиран јавен превоз. Дополнително, Владата ќе поддржи и други проекти во рамките на Град Скопје и општините, со цел подобрување на услугите кон граѓаните.
Со ова, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја нагласуваат својата определба за нов, поинаков пристап во политиката, кој става акцент на конкретни решенија и мерки што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.