Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска го означи почетокот на изградбата на ветерниот парк на компанијата „Алказар Енерџи“, што претставува најголема досегашна инвестиција во секторот за обновливи извори на енергија во земјава. Вредноста на проектот изнесува 500 милиони евра, а неговата реализација ќе обезбеди чиста енергија за над 100.000 домаќинства.
„Од збор до дело – за само една година започнуваме со изградба на проект кој е симбол на новата енергетска политика, насочена кон енергетска независност и одржлив развој“, изјави премиерот Мицкоски, потенцирајќи дека станува збор за стратешка инвестиција со долгорочни придобивки за граѓаните и економијата.
Проектот е дел од визијата за модерна и енергетски суверена Македонија, а според најавите, ветерниот парк ќе биде комплетиран во наредните неколку години, со што земјата ќе направи значаен чекор напред кон зелената транзиција.
„Градиме темели на промените. Доаѓа времето на Македонија“, порача Мицкоски.