strumica denes logo

МИЦКОСКИ: Од септември уште еден повик за самовработување на млади до 29 години!

Автор:

Датум:

јуни 8, 2025

Автор:

Датум:

јуни 8, 2025

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски одговајќи на новинарско прашање по однос на Оперативниот план кој што го донесе Владата денеска истакна дека од септември ќе има уште еден повик за самовработување на млади лица.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

-Го донесовме Оперативниот план за вработување на 16 илјади лица кои се работоспособни, но невработени. Од нив очекуваме 65% да бидат млади, односно наши сограќани на возраст до 29 години кои што во зависност од тоа дали ќе имаат компанија по принципот друштво со ограничена одговорност со едно лице или друштво со ограничена одговорност ќе добиваат грантови. Ако е ДООЕЛ ќе добиваат грантови до 10 илјади евра, ако е ДОО ќе добиваат од 13 до 20 илјади евра во зависност од тоа колкумина ќе се здржуваат. Мислам дека ова е исклучително квалитетен чекор напред. 40 милиони евра се предвидени околу 2 милијарди денари, ги повикувам апликантите да се пријават на огласот, а од септември да очекуваме уште еден повик во кој што пофторно млади до 29 години за стартап бизнис идеи. Ќе биде формирана посебна Комисија кое што тоа ќе го оценува, кажа Мицкоски.