strumica denes logo

МИЦКОСКИ: Македонија е Гоце Делчев, Шапкарев, Миладиновци, Илинденското востание, Дамјан Груев и Јане Сандански!

Автор:

Датум:

јули 2, 2025

Автор:

Датум:

јули 2, 2025

Македонија е силна кога си ја љуби вистината, кога не дозволува да ѝ ја крадат историјата, кога гордо стои исправена со лицето кон минатото, а со срцето кон иднината!

Во своето обраќање, премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, упати моќна порака до јавноста, исполнета со длабока историска свест и непоколеблив патриотски дух. Тој јасно и гласно истакна:

„Македонија е Гоце Делчев и Шапкарев, Македонија е Миладиновци, е Илинденското востание, е Дамјан Груев и Јане Сандански. Македонија е борба за слобода, јазик, идентитет и самобитност. И таа борба ќе ја продолжиме, достоинствено, државнички, гордо!“

Со оваа изјава, премиерот Мицкоски уште еднаш потврди дека Македонија не е празна географија, туку свет земја натопена со крвта на борци, сонот на револуционери и зборот на просветители. Земја на храбри луѓе кои оставиле вечна трага во историјата на македонскиот народ.

Оваа порака доаѓа во време кога македонската историја сè почесто се наоѓа на удар на фалсификати и притисоци. Токму затоа, повикот на Мицкоски е јасен,  да се сплотиме околу вредностите што нѐ создале, да не дозволиме никој да нѐ прекројува и да го чуваме секој камен од нашата историја како што се чува светиња.

Македонија никогаш нема да заборави дека Илинден не е само датум, туку симбол на непокор и стремеж за самостојност. Дека името на Гоце не е само улица или споменик, туку патоказ кон достоинствена иднина.

Македонија е нашето заветно име, нашата историска вистина, нашата душа. А таа душа, како што порача премиерот, не е на продажба.