Мито Андонов од селото Иловица од денеска и официјално е нов пратеник во Собранието на Република Македонија. Тој влегува во составот на законодавниот дом како следен на листата на ВМРО–ДПМНЕ во Изборна единица 4, на местото на Дејан Проданоски, кој по локалните избори ја презеде функцијата градоначалник на општина Прилеп.
Андонов доаѓа од општина Босилово, каде што претходно ја извршуваше функцијата претседател на Советот. Со неговиот влез продолжува трендот на засилена застапеност на струмичкиот регион во Парламентот.
На денешната седница Собранието ги потврди мандатите на тројца нови пратеници: Мито Андонов, Александра Николовска и Мартин Стојановски.

























