Кон крајот на јануари оваа година, на ноќното небо над Хаваи се појави сенишна синкава спирала. Иако овој феномен наликува на сцена од научно-фантастични филмови во кои вонземјаните создаваат еден вид „вселенска врата“ за да стигнат до Земјата или која покажува јаз меѓу паралелните универзуми, неговата причина има природни корени, односно веројатно е поврзана со лансирањето на сателитите SpaceX.
Јапонската Национална астрономска опсерваторија ја забележала оваа мистериозна спирала на 18 јануари, веднаш откако SpaceX лансираше ракета Falcon 9 која носи голем воен сателит.
Астрономот Ичи Танака таа вечер беше ангажиран во некои други истражувања и на почетокот не го забележа формирањето на оваа чудна форма пред „носот“ на телескопот Субару, додека некој не му испрати скриншот од YouTube.
Опсерваторијата сподели фотографија од вителот на Твитер и објави видео од спиралната формација како лета над вулканот Мауна Кеа и потоа се растура.
„Субару-Асахи Ѕвездената камера сними мистериозна летечка спирала над Маунакеа, Хаваи. Се чини дека спиралата е поврзана со лансирањето на новиот сателит SpaceX“, напиша телескопот Субару на Твитер.
Сѐ уште нема официјална потврда дека навистина се работи за лансирање на сателити, но ова не е првпат ваква форма да се формира над нашите глави по лансирањето на SpaceX.Сличен феномен беше забележан во јуни 2022 година над Квинстаун, Нов Зеланд по лансирањето во Флорида.